БРАВО ЗА ЉУМИ ВОЈВОДА – Бекири: Груевски беше избркан од Градскиот парк

0
2352

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во четвртокот вечерта заминал од Граскиот парк откако млади луѓе кога го здолгледале почнале да извикуваат по него, напиша на Фејбук Луми Бекири.

-Поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ без никаков срам и никакво достоинство се појави во Градскиот парк, каде што млади луѓе се забавуваа на снегот. Истиот беше избркан со песната ‘Шутка не ти бега Никола!’

Обезбедуваеето кое што го прати Никола да ме праша ‘нели е срамота вака кога е со децата?’ добија одговор кој верувам ви го пренеле, но еве и јавно ќе ви кажам. (‘ви’-то се однесува на дистанца од секаков вид, не на почит).
Не е срамота воопшто. Требаше да биде срамота кога го апсеа монструозно Кежаровски пред малолетно дете. Требаше да биде срамота кога ги влечеа и тепaа пратениците во Собрание а нивните деца гледаа преку екраните.timthumb

Срамота беше кога малолетната ќерка на лидерот на опозицијата беше сексуализирана во социјалните мрежи од педофили и ваши членови. Срамота беше кога нас не крвнички млатеа на протести. Срамота е после сите гадости и криминали да си давате за право да шетате меѓу граѓаните како ништо да не било. Најсрамота е што се обидувате да се вадите на децата кога ве потсетуваме каде припаѓате и да ги злоупотребувате за ваша маркетиншка пропаганда. Срамота е што млади луѓе се плашат вие кога ќе се појавите, да не завршеле како Мартин Нешкоски.

16144843_10210065248280517_1168884465_n

Срамота е што после се, законите на оваа држава ве поштедуваат. Но ние сме тука секогаш кога ќе ве сретнеме да ве потсетиме на тоа.
Градот е наш, паркот е наш, слободата е наша и должноста да ви пееме дека вие не припаѓате тука, туку во некое затворено општество зад решетки, напиша Бекири.