БРАВО ЗА ХУМАНОСТА НА БОРЧЕ ГЕОРГИЕВСКИ И ОПШТИНА ГАЗИ БАБА : Борјанка со која животот си поиграл е привремено згрижена и сместена во топол дом во студентски дом!

0
1118

Градежните активности за инсталирање на вода до домот на Борјанка Пешевска од скопско Трубарево одат одлично.

Водоводната и канализационата мрежа комплетно се изградени и функционални. Утре ќе се бетонираат шахтите, а ќе продолжи и изградбата на купатилото и потребните санитарии за него.

Денеска при средбата со Борјанка се договоривме за идните градежни работи, а заедно со нејзините соседи кои никогаш не ја оставаат сама, се организиравме и започнавме со расчистување на нејзиниот дом, со цел од утре да се започне со реновирањето на останатиот дел од куќата каде што ќе се варосува, ќе се средува подот и целосно да се подготви нејзиниот дом, кога ќе се врати да биде целосно оспособен за нормално функционирање.

Во меѓувреме, Борјанка е сместена во студентскиот дом “Томе Стефановски Сениќ”.

Им благодарам на сите компании кои по нашата објава, постојано се пријавуваат во што поголем број за да помогнат. Заеднички ќе придонесеме Борјанка повеќе никогаш да не биде заборавена како во изминатите 10 години и да го добие сето она што и е потребно за да функционира нормално.

Јас како градоначалник секогаш ќе се залагам граѓаните од ранливите категории да ги добијат потребните услови.