БРАВО ЗА Ременски: Ослободени од плаќање партиципација неколку ранливи групи на граѓани!

0
1784

Децата со посебни потреби, корисниците на постојана парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита или во друго семејство и лицата со интелектуална попреченост без родителска грижа од денеска во центрите за социјална работа (ЦСР) ќе можат да добијат потврди со кои ќе бидат ослободени од партиципација во здравството.

Ќе се издаваат два типа потврди, една за овие категории граѓани кои се осигурени преку МТСП, за кои партиципацијата ќе ја покрива Министерството, и друга за истата категорија граѓани, но кои се осигурени по друг основ, за кои партиципацијата ќе биде на товар на ФЗОМ.

Како што информира на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, решен е голем проблем за овие најранливи категории граѓани, настанат пред се поради неусогласеноста на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за тоа кој треба да ги издава потврдите.

– Решивме голем проблем за најранливите категории граѓани кои досега мораа да плаќаат партиципација за здравствено лекување само затоа што ФЗОМ и ова Министерство си ја префрлаа одговорноста која институција ги издала потврдите. Не постојат законски пречки за ослободување од партиципација за децата со посебни потреби, корисниците на постојаната парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита и во друго семејство и лицата со интелектуална попреченост без родителска грижа согласно Законот за социјална заштита, истакна министерката Ташевска Ременски.

Додаде дека за таа цел се изготвени и до центрите за социјална работа се доставени осум унифицирани потврди за статусот на корисникот на едно од наведените права. Со тоа, рече министерката, обезбедивме поедноставно и поефикасно остварување на правото на ослободување од партиципација и ги надминуваме недоразбирањата која институција ги издава потврдите.

– Сега ЦСР во зависност од тоа дали корисникот е здравствено осигурен преку МТСП или по друг основ задолжени се да издаваат потврда согласно основот на осигурување. Буквално тоа значи еден вид потврда да се издава на деца со посебни потреби, корисници на постојана парична помош, лица сместени во установи за социјална заштита и други семејства и лицата со интелектуална попреченост кои немаат родителска грижа, кои како корисници се здравствено осигурани преку МТСП во која ќе биде нагласено дека тие се ослободуваат од партиципација и средства за партиципација кои ќе бидат наплатени од МТСП. Вториот вид потврда на наведените корисници ќе им се издава, а се здравствено осигурани по друг основ. За овие корисници ЦСР ќе издаваат потврда дека се корисници на конкретното право и дека потврдата се издава да послужи за ослободување од партиципација за здравствените услуги која целосно ќе ја покрие ФЗОМ – објасни  Ташевска Ременски.

Потенцира дека центрите за социјална работа веќе задолжително постапуваат по оваа писмена инструкција и од денеска, како што рече, сите корисници кои имаат потреба од ваква потврда можат да ја добијат во овие институции.