БРАВО ЗА МОБИЛНОСТА И ПОЖРТВУВАНОСТА НА ВЕНКО И СОФИЈАНОВА : Успешноста на лекување на детските малигноми е над 80 отсто на Детската клиника

0
744

Успешноста на лекување на детските малигноми е над 80 отсто на Клиниката за детски болести. Меѓународниот ден посветен на децата кои се борат со канцер – 15 февруари секоја година се одбележува во знак на поддршка на децата со малигни заболувања, за подигнување на свесноста кај јавноста, како и за сите аспекти на нивната борба со болеста, соопшти Министерството за здравство.

Единствената специјализирана педијатриска болница во земјава каде се дијагностицираат и лекуваат деца со малигна болест на возраст до 14 години е Одделот за хематологија и онкологија при Клиниката за детски болести. Оваа установа ја има потребната експертиза, каде се применуваат современи терапевтски протоколи во согласност со препораките на Интернационалната педијатриска асоцијација. Од почетокот на пандемијата од Ковид-19 досега, вкупно 15 деца заѕвонеле на ѕвончето на хемато-онколошкото одделение, ритуал кој секое излекувано детенце со неговите родители го прават при напуштање на Клиниката, информираат од Министерството.

И во услови на коронавирус, како што се посочува, обезбедена е терапијата во континуитет и ниту една не е одложена.

-Одобрени се европските и светски протоколи за тестирање на децата за Ковид-19 пред секое отпочнување на хемо-терапија за да може терапијата да тече безбедно. Во установата се применуваат сите мерки за заштита од овој вирус препорачани од Комисијата за заразни болести. Во однос на инфраструктурата, комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната на Клиниката за детски болести. Во тек е реновирање и на хемато-онколошкото одделение, стои во соопштението.