БРАВО ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АЛКАЛОИД : Собраа милион денари од хуманитарниот пикник на „Алкалоид“ за помош на лицата со ретки болести

0
1245

Еден милион и педесет илјади денари кои се собрани на годишениот хуманитарен хепенинг под покровителство на Фонтацијата „Трајче Мукаетов“, чиј основач е компанијата Алкалоид, ќе бидат донирани на Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“.  Годинава осми пат по ред, традиционално се оддржува хуманитарен пикник за вработените, членовите на нивните семејства или нивни пријатели.

„Осма година по ред големото семејство алкалоидовци ја покажаа својата хуманост на дело. Околу 3.000 наши пријатели и вработени донираа за поддршка на Здружението за ретки болести. Во Македонија има околу 120.000 лица со ретки болести, еден од главните наши приоритети е општествената одговорност затоа годинава одлучивме нашиот донаторски хепенинг да го поддржи ова здружение“, изјави  Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид и претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Весна Алексовска, претседателка на здружението, рече дека овие средства ќе помогнат за рана дијагностика и рана терапија на луѓето со ретки болести.

“Оваа донација ќе ни помогнете да им помогнеме на луѓето со рана информација и рана дијагноза. Секој од нас заслужува да биде граѓанин и човек, а не само пациент. Ќе се бориме сите лица со ретки болести да бидат дел од нас, а не надвор од општеството“, нагласи  Алексовска.

Освен вработените и членовите на нивните семејства на хуманитарниот пикник присуствуваа пријатели на компанијата, општествено одговорни личности и странски дипломати.

Годинава, маичките кои претставуваа официјален дрес код на настанот беа дизајнирани од
познатиот македонски уметник „ТиноСки“. Лајт  мотивот е : „Љубов е сѐ што ни
треба“ – подадена рака и почит за сите поединци кои се соочуваат со стравот, неизвесноста,
лутањето, паниката, очајот, пресвртите и превратите во борбата со ретките болести.

Извор : НОВАТВ