БРАВО ЗА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ, ЗБОРОТ Е ЗБОР : Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество Јахи Јахија за земање провизија од тендер!

0
2003

По налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, утринава е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања и за земање провизија од добиен тендер.

Функционерот е кадар на ДУИ. Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА, јавуваат вработени од министерството, од ДИК и од другите министерства што се во објектот.

Според очевидци од соседството на Јахија, тој бил уапсен рано утринава и полицијата се задржала во неговиот дом, вршејќи претрес првин таму.

Според неофицијални информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, се работи за мито од десетици илјади евра, што Јахија го зел во 2014-2015 година.

Неофицијално, за овој висок функционер обвинителството ќе бара притвор