БРАВО ЗА ВЕНКО, БРАВО ЗА РУСИТЕ : Руските вакцини пристигнаа на скопскиот аеродром

0
902

Вакцините, вкупно 3.000, се во соодветно пакување, а ќе се чуваат на – 18 до -20 степени, за што потребната инфраструктура е подготвена. Вакцините ќе бидат ставени во посебни фрижидери, по што ќе се организира и процесот на вакцинација во пунктовите во Здравствениот дом – Скопје. Како што изјави министерот Филипче, вакцинацијата веројатно ќе почне во среда.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште не е точно потврдено кога.

Рускиот амбасадор рече дека вакцината ќе придонесе за спасување човечки животи и за враќање на македонската економија на траекторијата на раст.