Четирите семејства со вкупно 14 членови чии бараки пред десетина дена целосно изгореа во пожар, привремено се сместени во изнајмени станови, за кои киријата ќе ја плаќа Општина Прилеп.
Откако целосно ќе бидат санирани последиците од пожарот, со помош на неколку градежни фирми и други компании од нашиот град, на сите четири семејства Општина Прилеп ќе им изгради покрив над главата.
Со наш целосен ангажман и со помош на општествено одговорни компании, верувам дека до крајот на градежната сезона нашите сограѓани ќе се вселат во новоизградените домови.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.