БРАВО: ГЛЕДАЈТЕ ШТО ГРАДИ СДСМ – НЕ СЕ ОВА СПОМЕНИЦИ И ФАСАДИ ТУКУ СТУБОВИ НА МОСТОВИ ОД ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ОД КОРИДОРОТ 8 КОН БУГАРИЈА!!!

0
2210

Инфраструктурата за која некогаш само се говореше, денеска е преточена во план, програма и реализација. Со рехабилитација на веќе постоечки и изградба на нови инфраструктурни проекти гордо ја отвораме вратата кон северо – истокот и посветено вложуваме во развојот и раст регионот.

Денеска во моето родно место, мојата Крива Паланка ја посетивме локацијата каде што се гради експресниот пат Ранковце – Крива Паланка и доизградбата на трета лента на делницата Крива Паланка – Деве Баир, како дел од Коридорот 8, од голема важност за регионално поврзување и меѓународна соработка. Во изминатиот период, по 40 години, за прв пат беа рехабилитирани делниците од Крива Паланка до селата Огут и Луке, со што се олесни гравитирањето и се подобрија условите за живот. Завршена е и предвидената рехабилитација на регионалниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Интензивно се реализира и рехабилитацијата на делниците Куманово – Страцин и Узем – Тораница. Ја продолжуваме и развојната фаза на железничката инфраструктура од Куманово до Крива Паланка предвесник на железничката пруга која ќе ја поврзе Крива Паланка со граничниот премин Деве Баир, а на тој начин ќе овозможиме забрзан економски раст и побрза интеграција.

Трудот дава резултати. Продолжуваме да градиме и да создаваме инфраструктурна комуникација, ново лице на државата. Го оживеавме кривопаланечкиот регион, а секојдневно со многу мудрост работиме на реализација на важни проекти за развој на целата територија на државата.

Вложуваме во инфраструктурата, вложуваме во иднината.