Бојко Борисов позитивен на коронавирус

0
768

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

„Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, уште во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два ПЦР-теста, од денеска сум позитивен на COVID-19. Чувствувам малаксаност, во моментот, по проценка на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ. Сигурен сум дека заедно ќе се справиме“, напиша Борисов.