БОЈАН МАРИЧИЌ : ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА ПОПИСОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОЈ НЕ Е СПРОВЕДЕН ВЕЌЕ 20 ГОДИНИ, ПОСЛЕДЕН И НЕУСПЕШЕН ПОПИС Е СПРОВЕДЕН ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО 2011-ТА

0
667

Понекогаш сите ние се запрашуваме што добро можеме да направиме за нас и за нашата државата? Како можеме директно да помогнеме во развојот на нашата земја?… Во овој момент одговорот на овие прашање е – попис.

Денес почнува главната фаза во најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега. Институциите се целосно подготвени и на терен веќе почна попишувањето на лицата, становите и домаќинствата. Конечно, како целиот развиен свет ќе имаме информации, кои се навистина есенцијални при креирањето на планови и проекти кои се потребни пред се за вас.

Тоа што е најважно е дека пописот ќе биде спроведен безбедно, почитувајќи ги највисоките стандарди за спречување на ширењето на Ковид-19.

Докторите ги напишаа правилата за заштита и тие се обврзувачки за сите попишувачи и тука дилеми не треба да има.