Бочварски : Ја унапредуваме регионалната поврзаност во инфраструктурата

0
715

Ве информираме дека министертот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари средба со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек.

На средбата се разговараше за имплементацијата на Договорот за транспортна заедница кој е во согласност со започнатиот процес на интеграција на Република Северна Македонија во европските структури.

Министерот Благој Бочварски го потенцираше значењето на реализација на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура на Коридор 8 и 10 како дел од Панверопските коридори.  

“На средбата отворивме и дел од прашањата за поголема соработка и поврзаност со земјите од регионот.  Верувам дека Договорот за основање на транспортна заедница на подолг рок, ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на транспортот, преку отворање на пазарите и зајакнување на конкуренцијата.  Се надевам дека преку спроведувањето на Договорот за транспортна заедница целосно ќе се интегрира регионот во Европската транспортна фамилија и ќе ја надополни политиката на проширување на заедницата, “ изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Министерот изрази благодарност за континуираната поддршка за ероинтеграцискити процеси на Република Северна Македонија.