Бочварски-Китанов: Инвестираме во безбедни патишта! Обезбедивме над 3 милиони евра за рехабилитација на делницата Кичево-Македонски Брод

0
892

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид во градежните активности отпочнати на делницата кадешто во моментов е започнато со обработка на постоечката коловозна асфалтна површина.

Рехабилитацијата на регионалниот пат Р1303 делница Кичево–Македонски Брод, е во должина од 25,7 км и со ширина од 6 м. Издвоениот буџет со средства обезбедени од ЕБОР е 3,15 милиони евра.

#БезбедностаПредСѐ!