БОЧВАРСКИ : ДЕНЕС ГО РАСПИШАВМЕ ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА 48 СОЦИЈАЛНИ СТАНОВИ ВО ЗГРАДА ВО ПРОБИШТИП СО РОК ОД 30 ДЕНА

0
424

👉 Денеска го распишавме јавниот повик за распределба на 4️⃣8️⃣ станови во социјалната зграда во Пробиштип. Повикот ќе трае 30 дена.

Министерството за транспорт и врски во соработка со АД за стопанисување со станбен и деловен простор продолжуваат со политиките за згрижување и станбено обезбедување на најранливите семејства.

✅️ Распределбата на социјалната зграда во Гостивар е завршена, а во наредниот период ќе бидат распишани јавни повици за распределување на социјалните станови во Виница и Свети Николе.

Го информирав градоначалникот Драган Анастасов за финализирање на постапката пред отпочнување на изградба на армосферската канализација на улица Македонски револуционери во Пробиштип.

Фејсбук статус на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.