БОРЈАН ЦЕЛО ВРЕМЕ ПЛАЧЕ И КЕМКА ЗА ТОА ШТО СДСМ ПЛАТИЛ ПАРИ ЗА КАМПАЊАТА И НА СИТЕЛ А НЕГОВАТА НОВАТВ МОЖЕ ДА ГИ РЕКЛАМИРА ФИРМИТЕ НА ОРЦЕ КАМЧЕВ И ДЕЈАН ПЕЛИСТЕРКА, ТОА Е ОДЛИЧНО НО ЗА РЕКЛАМИТЕ НА СИТЕЛ ТРЕБА ДА СЕ ЛИНЧУВА СДСМ И ЗАЕВ?!?!

0
4135

Борјан Јовановски уредникот на порталот ,,НоваТВ”  и неговите новинари постојано таласаат по социјалните мрежи и по портал за тоа како СДСМ го “затрупала” Сител со 155.000 евра за локалните избори оваа година но тој не ги спомнува парите од банерите на фирмите на Орце Камчев и Дејан Панделески – Пелистерка како што е на пример фирмата на ,,Здравје Радово” и вклучително рекламните спотови на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите изборни циклуси кои згора на тоа се платени со НАРОДНИ И БУЏЕТСКИ ПАРИ додека голем дел од другите медиуми одбиваа да земат од таквиот финансиски колач во претходните изборни кампањи.

За тоа што го правеле Sинго, Латас и Ивона си има судови и обвинители па нека се справат со тоа но телевизијата не треба да трпи штета поради расипништвото на Латас и останати режимски криминални каубојци затоа што таму има и професионални медиумски работници кои чесно си го заработуваат лебот. Што очекуваат новинарите на ,,НоваТВ” на чело со Борјан од Заев од оваа нивна медиумска харанга да ја затворат Сител и Заев да се претвори во Грујо два?!

Во оваа цела медиумска харанга најгласни се секако Геро Алцхајмерович и Борјан Јовановски, нивните портали се токму оние медиуми кои постојано го рекламираат ВМРО-ДПМНЕ во време на нивно владеење.

Понатаму се вели дека луѓето од СДСМ гинеле за идеалот да ги видат Латас и куртоните во затвор поради нивните криминали, и сеуште е така, но да се уништи цела телевизиска куќа само поради неколку корумпирани лудаци во Сител е рамно на лудило и тотално аздисување така што би се нарушил целиот правен систем и поредок за кој сите се боревме.

Секако да беше Груевски на власт би ја срамнил со темел цела телевизија, но тој беше автокоратски диктатор кој би уништил многу човечки животи за да стигне до целта. Како и да е критиката е здрава, но само кога таа е издржана, се друго може да се нарече или рекет или плукање без основ.

Не ми пречи кога критикуваат, но ова што сега го прават некои новинари е една невидена и луда хипокризија…Реклама на порталот ,,НоваТВ” од фирмата на Орце Камчев и Дејан Пелистерка ,,Здравје Радово”.