БОРЧЕ ОД ГАЗИ БАБА: ЗАЕДНО СО ЛАЈКА ГО РЕШАВАМЕ ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ СО БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ

0
831

Јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни Лајка, успешно се справува и ги третира кучињата бездомници во градот Скопје, но сепак, дел од нив после хуманиот третман, согласно закон треба да се вратат повторно назад од локацијата каде биле заловени.

Заедно со Лајка и КПИ Идризово го решаваме овој долгогодишен проблем. Обезбедуваме простор во рамките на затворот, кој ќе биде нов дополнителен капацитет за потребите на Лајка, со што се проширува постојното одделение за вдомување на кучињата.

Во овој објект предвидено е Лајка да ги сместува сите заловени кучиња откако ќе го поминат третманот и здравствените прегледи, наместо да ги враќа назад на матичната локација, со што ќе се зголеми и периодот за кој граѓаните ќе можат да вдомат куче доколку се заинтересирани.

Фејсбук статус на градоначалникот на Гази Баба,  Борче Георгиевски.