БОРЧЕ И ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ГИ ИЗРАДУВАА ЛОКАЛНИТЕ СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ИМ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПАРИЧНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ПОДДРШКА

0
1111

Општина Гази Баба ги исполни ветувањата и ги зголеми средствата за спортските клубови, здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации.

Денеска на средба со спортските работници им соопштив дека годинава за оваа намена издвоивме 4.765.000 денари што е за 70% повеќе средства од лани. Средствата ќе се распределат на 32 барања од 27 спортски здруженија, клубови и спортисти и тоа 4 таеквондо клуба, еден клуб за коњички спорт, два клуба за одбојка, еден клуб за скијање, една скијачка, еден пливач, три карате клуба, една стрелачка федерација, еден клуб за кошарка и 12 фудбалски клуба.

Нашата цел е спортистите од најмала возраст да добијат финансиска поддршка за да можат непречено да тренираат и да поминуваат што повеќе време спортувајќи.

На средбата им посочив дека и оваа година спортските работници ќе учествуваат во креирањето на буџетот преку нивните идеи и предлози, со цел да овозможиме подобри услови во спортот кој се одржува на територија на општина Гази Баба.

Спортот и понатаму ќе биде еден од приоритетите во кој вложуваме. Ќе продолжиме со модернизација на спортските сали, терени и детски игралишта, ќе продолжиме со осовременување на условите за спортување, ќе бидеме финансиска поддршка за спортистите и клубовите, за манифестации со цел што повеќе лица да се занимаваат со спорт.

Фејсбук статус на градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски