Борисов и Заев положија цвеќе пред споменикот на цар Самоил

0
1375

Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов положија цвеќе пред споменикот на цар Самоил во центарот на Софија. За посетата до споменикот, што не беше вклучена во официјалната програма, стана јасно за време на нивниот заедничкибрифинг во Министерскиот совет, пренесоа локалните медиуми.

zaev_borisov-1

Тогаш лично Заев соопшти дека тој ќе положи цвеќе пред споменикот на цар Самоил, а неговиот бугарски колега ќе ја посети Македонија за Илинден. Тогаш се очекува да биде потпишан договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.

„Тоа е чин на поклон кон заедничката историја, кој е многу повреден од сите договори“, изјави Заев за време на прес-конференцијата на „Дондуков“ 1.

Се очекува подоцна денеска Заев да се сретне со претседателот Румен Радев.