БОРЕЛ ПО СРЕДБАТА СО ВУЧИЌ И КУРТИ ВО ОХРИД : ИМАМЕ ДОГОВОР КАКО ДА ГО СПРОВЕДЕМЕ ДОГОВОРОТ

0
275

„Договорот беше постигнат на крајот на февруари, а денеска се зборуваше како тој да се спроведе. Се договоривме како да се спроведе имплементацијата, кога и од кого.
По 12 часа имаме договор како да го спроведеме договорот. Косово и Србија се договорија за Анексот за спроведување на договорот“, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел по средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.

Тој рече дека договорот и анексот се сметаат за потврдени и дека ќе бидат објавени.
Борел напомена дека „За членот 7 – Косово се согласи да започне веднаш, а кога велам веднаш, мислам веднаш, преговори за воспоставување аранжмани и подготовки за да се обезбеди вистинско ниво на самоуправа на српската заедница“.

За потсетување, Александар Вучиќ по средбата во Охрид изјави дека е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат составен дел од преговарачката рамка на двете страни.
„Веднаш беше констатирано дека е во тек процесот на формирање на ЗСО, рече тој. Тој рече дека утре (недела) ќе ги презентира точките пред граѓаните, а од понеделник ќе прими на консултации претставници од пратеничките групи „за да се договориме дали да одиме со општ акт во парламентот или не“. Ни претстои сериозна работа во месеците, рече Вучиќ, кој посочи дека европскиот пат на Србија ќе зависи од неговата реализација.