Владата извести дека Љупчо Бубо Каров од денеска е надворешен советник на Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во Владата на Република Македонија.
„Неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата на Република Македонија“, стои во соопштението од Владата.