БОМБА – ПРАТЕНИКОТ КАСТРИОТ РЕЏЕПИ ЗАЕДНО СО СЕМЕЈСТВОТО НА НЕГОВО БАРАЊЕ Е ОДНЕСЕН НА ТАЈНА ЛОКАЦИЈА, ГО ШТИТИ АРМИЈА ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ДА НЕ ГО МАЛТРЕТИРААТ ПОРАДИ ОДЛУКАТА

0
4575

Пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, кој денеска не се појави во Собранието, „исчезнал“ од утринава, односно како што брифираат од ВМРО-ДПМНЕ, тој го исклучил телефонот, а не бил ниту дома.

-Пратеникот го нема никаде, не е достапен, ниту е присутен дома, никој од семејството не се јавува, исклучени сите телефони, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Без овој пратеник опозицијата нема доволно гласови за да изгласаат недоверба на Владата.

Мактел дознава дека тој со своето семејство на негово барање е склонет на безбедна локација затоа што се очекува да добие смртни закани од активисти на Алијанса и Беса а особено од ВМРО ДПМНЕ. Дознаваме дека го штитат полицајци и агенти на АНБ.