МИЈАЛКОВ ПРЕФРЛЕН ВО ЌЕЛИЈАТА НА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ – БУРЕВЕСНИК, ЗАТВОРЕНИЦИТЕ МУ ТРОПАЛЕ ПО ЗИДОВИ И НЕ ГО ОСТАВАЛЕ ДА СПИЕ, ДО НЕГО ЛЕПЕНКА ЌЕЛИЈАТА НА КАМЧЕВ!!!

0
2500

Од извори блиски на затворот во ,,Шутка” дознаваме дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков е преместен во нова ќелија каде тој се пожалил на малтретирање од страна на затворениците кои непрекинато удирале по зидот и не дозволувале да спие.

Дознаваме исто така дека ќелијата на Орце Камчев е веднаш до ќелијата на Сашо Мијалков.

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков му е одреден 30-дневен притвор поради предметот „Тврдина“ кој беше отворен на 29 март 2016 година, каде за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет..

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.