„Бомба“ од Островот: Алекс Фергусон ќе биде прв советник на Солскјер!

0
1155

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ја одиграл клучната улога околу ангажманот на Оле Гунар Солскјер како замена за Жозе Мурињо.

Сега на Островот се шпекулира дека и Фергусон повторно ќе биде дел од оперативниот тим на „црвените ѓаволи“ и ќе биде прв советник на Норвежанецот. Според „Сан“, Ферги целосно ќе му биде на располагање на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, како за совети за трансфер-пазарот, така и за подготовките на средбите.

Дебито на Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед беше совршено, бидејќи неговиот тим славеше победа од 1-5 против тимот на Кардиф, а колку е перфектна неговата победа, говори и податокот дека Јунајтед првпат постигна пет гола по ерата на Сер Алекс Фергусон.