БОМБА ОД ОРЦЕ КАМЧЕВ, ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР.МК: Не сме имале похрабар лидер од премиерот Заев, се скарав со Сашо Мијалков, договорот со Грција мора да успее!!!

0
1836

Р.Ф. – Дали договорот со Грција, референдумот и промената на уставното име се важни за бизнисот и за општественото живеење? Дали тоа ќе ги промени условите за живот во Македонија и како ќе влијае?

КАМЧЕВ: Изгубивме премногу време последниве 27 години со историски глупости, со митови и легенди кои ни создадоа проблеми не само со сите наши комшии но и со самите нас, во нашата држава. Неможноста да се реши спорот со Грција не извади од шансата да бидеме веќе одамна и во Нато и во ЕУ и поверувјте ми Македонија немаше да биде во таа ситуација во која сме денеска ни економски ни политички. Затоа, Јасно и гласно ќе го кажам мојот став , мислам дека ниту ќе имаме подобра шанса, ниту дека сме имале похрабар лидер од премиерот Заев. Јас лично сум ЗА договорот со Грција, како и бев ЗА Договорот со Бугарија.Јас сум европски и светски човек и сакам Македонија да биде дел од таа структура. Сакам да живеам во Република Македонија различна од таа што е денеска, сакам да бидеме членка на НАТО и ќе направам се што е во моја можност…

… Тоа се вредности во кои сите ние ќе добиеме десет пати повеќе придобивки од она што го имаме денеска. Се тоа не го кажувам само јас, ниту само Заев, тоа ни го кажа целиот свет! Светски лидери како Меркел, Курц и Могерини кои дури дојдоа на крај кај нас, Државниот департамент, дури и Русија го поздрави договорот иако на некои им се сака да е е така.

Со влезот во новото друштво ќе бидеме приморани да почнеме да размислуваме и функционираме европски. Правилата на игра ќе бидат јасно дефинирани, нема злоупотреба на работници, се знае кога е годишен одмор, се знае кога е време за
јадење, што е превоз, како и кога се користи заштитна униформа. Се знаат стандарди по кои мора да фунцкионираат сите компании, а не како досега. Тоа ќе не научат и сум сигурен во тоа. Тоа е мојот став, не дека нема друга опција, туку таа е единствената опција во која јас верувам. Јас лично ќе се залагам да пројде тој референдум. Тоа се вредности во кои јас верувам и преку кои и државата и сите ние ќе добиеме десеткратно повеќе придобивки од она што го имаме денеска.

Целото интервју, ОВДЕ.