БОМБА ОД БИХАЧКА: ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ДУИ СТАСАВМЕ ДО ДЕЛОТ КАДЕ СЕ ДЕЛАТ МИНИСТЕРСТВА

0
1523

Продолжуваат интензивните консултации и работата на ниво на генерални секретари викендот за коалициски договор меѓу СДСМ и Коалицијата „Можеме” и ДУИ, соопштија од СДСМ.

Оттаму информираат дека по утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.
– Денеска започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри, кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат – додаваат од СДСМ.
Од партијата дополнуваат дека единствено точни информации се оние добиени од официјалните лица на партиите вклучени во преговорите.