БОМБА НА ФОКУС: Судиите спасуваат глава – никој не сака да и суди на фамилијата!

0
2000

Во новиот број на Фокус:

ДОБА НА ПСИХОПАТИ
Предлагам за сите идни кандидати за функции да се воведе психотест и тест за интегритет. Вакво нешто Груевски смисли за јавните службеници во 2011. Се разбира, главниот финансиски бенефит го имаа тие што психо-тестираа. Ама, нели, е лудачки да се грижиш службениците да се психички тамам и со интегритет, а нивните надредени да се психопати, со интегритет нула, и углед креиран со фалшиви судски пресуди, да речеме!?

„РАЗБОЛЕНИ“ СУДИИ
Судиите од одделот за организиран криминал во скопскиот кривичен суд почнале да се разболуваат, а на некои повеќе не им се допаѓала функцијата, па барале да си одат во помалку „опасен“ сектор. Прашање е дали ќе се најде јунак да им суди на груевци или вирозата ќе го зафати целиот Кривичен суд?

СТРАТЕГИЈА ИЛИ КОРУПЦИЈА
Најавата на владата дека ќе бара приватен партнер за изградба на гасоводна дистрибутивна мрежа предизвика реакција на опозицијата, која обвини дека во прашање е најкорупцискиот тендер досега, зашто приватна компанија ќе добие бизнис со гас во наредните 30 години. Дали станува збор за една од трите кумановски фирми што ја градат националната гасоводна мрежа?

МАКЕДОНЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ ЌЕ ГО ПОРАЗАТ ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ
Во интервју за „Фокус“, Мухамед Зекири, член на извршниот одбор на СДСМ, зборува за курирската хајка, за фамозната фотографија снимена во Генерал Јанковиќ, за изјавата на Заев за употребата на албанскиот јазик која рафално беше пречекана од владината пропаганда, за лажниот патриотизам на Ахмети и Груевски, како и за шансите СДСМ и граѓаните да извојуваат победа за Македонија на 11 декември

ОПРЕМА ЗА МАСНИ ПРОВИЗИИ
„Фокус“ дојде до детали од тајната набавка за одбраната од 250 милиони евра. Освен оклопни транспортери, АРМ ќе ги модернизира тенковите, ќе ги ремонтира и надгради хеликоптерите, ќе купува хаубици… Парите за овие намени се многу повисоки од вообичаените цени, што отвора сомневања дека ќе има провизии

„НАПУМПАНА“ БИОГРАФИЈА
Стана тренд политичките функционери да ги „пумпаат“ своите биографии со невистинити податоци. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, во биографијата напишала дека дипломирала на Медицинскиот факултет на УКИМ. Од факултетот тврдат дека таа е со последен запишан четврти семестар во академската 2005/2006!

ШИЗНИЛЕНД
Бродови што никаде не пловат, врби кои попрво ќе родат грозје пред да им се најде логиката за нивното засадување среде Вардар, фонтани од кои според цената платена за нивната изградба се очекуваше, не вода, туку шампанско да извира… осврт на некои од најпромашените проекти на овој промашен режим

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако ги врати украдените пари и ако понатаму не го трауматизира општеството, НГ има шанси повторно да се реинтегрира, обезбедувајќи мир и иднина за себе и за своите деца. Сите други алтернативи се многу попогубни за него, иако оваа навидум му изгледа најпогубна

Гордана ПОПСИМОНОВА
Груевски е политичар на заминување. Неговиот глас е сѐ послаб, а неговата самоувереност е сѐ поизвештачена. Кругот околу него полека се затвора, а шилото на вистината излезе на површина. Сепак, неговиот клептопатриотизам – не смее да се потцени

Ана ПАНОВСКА
Кога би предвидувала како ќе се одвиваат судските процеси околу актуелнава криминалистичка мелодрама што ја тресе Македонија, имам некое чудно чувство дека на крајот од сето тоа ма(фија)шко друштво, Гордана Јанкулоска ќе биде главната жртва од фамилијата; „даминиот гамбит“ за спас на кралот

Александар ТОРТЕВСКИ
Замислете, драги мои, фабрика и тоа за флаширана вода! Тоа беше ударна вест на сите провладини медиуми и народецот требаше само да излезе на улица и да заигра од радост затоа што водата е флаширана, небаре можела да биде и рефус, па да им се испорачува на купувачите во кофи или во пластични кеси.