БОМБА НА ФОКУС: (Само)убиениот Коста Крпач ги открил тајните сметки за ИЗРАЕЛСКАТА ПРОВИЗИЈА!

0
2119

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

ДАНКЕ ДОЈЧЛАНД!
Во царството на шпекулациите, особено инспиративна е „веста“ дека пастирот прифаќал и експертска влада, одлагање избори, повлекување и од лидерска партиска позиција, сѐ бре, ама „јок“ за аболицијата. И да не е така, еве, јас лично би го помилувала Пастирот, за век и веков, амин! Но, конфискација на незаконски стеченото не влегува во милоста. Ем под услов да шета меѓу народ без обезбедување!

НЕДОКАЖАНО САМОУБИСТВО
Случајот на Коста Крпач, сведок на СЈО кој беше пронајден мртов во својот стан во Скопје е пресвртен миг кој упатува јасни пораки за монструозните злосторства на власта, која се обидува да си ја спаси кожата. Пораката е поразителна – гледајте што може да ви се случи ако сведочите против Фамилијата!

МАКЕДОНСКО СЦЕНАРИО
Ништо не е толку силно колку боењето на „Скопје 2014“. Можеби Шарената револуција нема барут како експлозиите во Диво насеље, но таа е симболична најава на крајот на црно-белиот политички филм во чија продукција и дистрибуција ужива Фамилијата

БОГАТА „ФИРМА“ БЕЗ ВРАБОТЕНИ
Финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека од година во година партијата остварува се повисоки приходи, но само нула денари од закупнини и кирии, иако има објекти на атрактивни локации. Интересен е и фактот дека најбогатата и најимотната партија има мал незначителен број вработени

СРАМНА СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА
Најголемите криминалци што треба да лежат в затвор слободно шетаат, додека студенти и активисти се во притвор само затоа што протестираат и се бунат против одлуката на претседателот за помилување – двојни аршини и селективна правда на ДПМНЕ

ИЗМАМНИЦИ СО КРЕДИТИ
Кираца Трајковска од „Фершпед“, со помош на банкарски службеници во Комерцијална банка, учествувала во финансиска шема на одобрување кредити на бизнисмени, кои воопшто не ги користеле парите, но на крајот заглавиле во долгови од повеќе стотици илјади евра зашто морале да ги вратат

ДОПИРОТ ШТО ЗЛАТО ЗНАЧИ
Кралот Мидас можел да пипне парче свежо лајно и за миг да го претвори во грутка чисто злато. Истата моќ изминативе десет години ја имаше и Груевски. Колку само парчиња свежи (млади, без работно искуство) лајна пипна тој и преку ноќ ги претвори во влијателни, моќни и угледни политички и бизнис-ликови

Колумнисти:

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Во исто време кога една Анастасија во Чаниште немала вода во чешмата и училиште каде што може да се едуцира, една друга Анастасија во Скопје си гледала цртани филмови во автомобил купен со парите на граѓаните, кои не отишле за водовод во Чаниште, туку за „мерцедес“ од 600.000 евра

Александар ТОРТЕВСКИ
Моите настапи толку ја вознемириле владејачката врхушка што и гувернерот Богов и Трајко Славевски ми навестија дека можам да бидам кривично гонет заради ширење лажна паника околу сигурноста на штедните влогови. Наместо да ги чукнат тоа тиквите и да ги скратат неразумните трошења, тие мене ми се закануваат!

Ана ПАНОВСКА
Зар ќе ги оставиме бетонскине галии во Вардар од кои секој нормален останува шокиран? Една од галиите ќе мораме да оставиме како споменик, да сведочи за лудилото и злосторството на ВМРО-ДПМНЕ. Како што Полјаците го оставија Аушвиц да сведочи за ѕверствата на фашизмот

Гордана ПОПСИМОНОВА
Некои од нас промовираат ексклузивна сопственост врз протестите. Си земаат право да решаваат кој може, а кој не може да излезе на улица, кој предоцна се вклучил, кој бил лев, а кој десен или кој доаѓа од личен интерес, а кој бил тука од принципи

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Трансформацијата на УБК во преторијанска гарда на владејачката партија, на најеклатантен начин потврдува дека духот на УДБА си остана и фактички и ментално. Само таква служба можеше да пласира мегаманипулација од типот на наводната операција на ЦИА и Ми-6 – „Волшебникот од Оз“