БОМБА НА ФОКУС : Паричникот од Мицкоски купен во Будимпешта за 440 долари?

0
984

Паричникот од луксузниот моден бренд ,,Луј Витон” кој вчера за време на ТВ дебатата Христијан Мицкоски сакаше да му го подари на екс премиерот Зоран Заев, секако доколку е оригинал, не е купен од Македонија, бидејќи во нашата земја официјално, продавници на Витон нема.

Истиот модел, како што е наведено на официјалната страница на ,,Луј Витон” може да се купи во Будимпешта, Унгарија, каде што го има на лагер во моментот. Цената му е 440 долари.

Будимпешта е најблиската локација каде што се продава паричникот, а на други локации во регионот се продава во Атина, соседна Грција и во Италија, и тоа во овластените продавници на модниот гигант во Рим, Бари, Непал и на островот Капри. Во соседна Србија, Бугарија, Хрватска… го нема на продажба.

 

 

 

 

 

 

Доколку пак станува збор за фалсификат на познатиот бренд, познато е дека токму ташните и паричниците на ,,Луј Витон” се едни од најкопираните во светот.

Продажбата на фалсификуваната роба е доста актуелна насекаде, и покрај тоа што е кривично дело.

Според Европскиот Потрошувачки Центар, во различни земји владеат различни казни за фалсификување, но и за купување на фалсификувана роба.

Во некои земји запленетата фалсификувана роба само се уништува, додека пак во Белгија ако некој е затекнат со фалсификат, може да плати казна од 500 до 100.000 евра.

Во Ирска на пример, ако некој внесе фалсификувана роба, се смета за криминалец. Туристи можат да завршат и до 12 месеци во затвор, во зависност од вистинската вредност на копираниот предмет. Ако се работи за копија на предмет чиј оригинал е поскап од 250.000 евра, посетителот може да заврши во затвор и до пет години.
Кога му го подари паричникот вчера, Мицкоски му рече на Заев дека е празен, но тоа бил духот во кој живее државата. Заев не го прифати подарокот.

Денес пак, Мицкоски изјави дека се забавувал за време на дебатата со неговиот политички противник. Од каде и за колку пари го купил паричникот, и дали е оригинален луксузен примерок, не спомна.