БОМБА на ФОКУС: Горан Грујевски ги следел обвинителките – скандалозно откритие во домот на шефот на петтата управа

0
1142

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

ДЕМО – КРАДИ – ЈА НА ДПМНЕ – ЗЛОСТОРНИЧКА
Од ДПМНЕ-Злосторничка не бива демократска партија. Што би рекол корупционерот од антикорупциска, „роди бабо дете, ама не може“. И тоа за „век и веков, амин“! Малку акал во главата да имаш, јасно ќе ти биде дека тоа што сами ѓоа изборно ќе се натпреваруваат со „народот“, е кризирање на кризата. А нивната алтернатива е: или општа калакурница или Фамилијата на суд. Нашата, пак, е да истраеме во битката за СЛОБОДНА Македонија. Бојкот, јес!

ДРЖАВНА ШПИОНАЖА НА СЈО
Во станот на шефот на Петтата управа на УБК, Горан Грујевски, кој заврши во домашен притвор заради уништување на опремата за прислушување на МВР, специјалните обвинители откриле нотес со податоци, според кои агенти на УБК или приватно ангажирани професионалци ги следеле специјалните обвинители

ИЗБОРЕН ТУРИЗАМ
Покрај увозот на гласачи од странство, на минатите избори имало и преселба на гласачи од една во друга општина во државава. Според податоците што ги поседува „Фокус“, жители на Кавадарци и Свети Николе, се преселиле главно во Центар, непосредно пред локалните избори во 2013 година, за да се вратат во родното место веднаш по завршувањето на изборите

ПРОКЛЕТСТВОТО НА ДЕСНИЦАТА
Груевски е идеолошки инвалид, кој ја маскира својата политичка безидејност и мафијашка лакомост со антички македонизам и вмровски наратив. Но тоа е само симулакрум наменет за фингирање на криминалниот проект на Фамилијата

ОЛАФ ИМА ЗАДАЧА ДА ГО УРНЕ МАКЕДОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА КРАДЕЊЕ НА ЕВРОПСКИ ПАРИ!
Откако ЕУ официјално отвори истрага за начинот на кој се искористувале средствата од ИПА фондовите во Македонија се чини дека многумина во земјава нема да спијат мирно. Лидија Димова, пратеник и добар познавач на оваа проблематика во интервју за Фокус открива како всушност се правеле криминалите

ПРОФИТАБИЛНО КУМСТВО
Според податоците на Бирото за јавни набавки, компанијата „Соникс ДООЕЛ“ добивала најмногу тендери за набавка на медицински апарати. „Фокус“ дознава  оти зад „Соникс“ стои Кирил Дудески, кој е во кумовски врски со шефот на кабинетот на експремиерот Груевски, Мартин Протуѓер

ГЛАСАМЕ ЗА ТОА ШТО ЈАДЕМЕ
Кога една локомотива ќе тргне со многу вагони зад неа, тешко е да се сопре. Оти лесно е возот да ти избега тебе, тешко е ти да му избегаш на возот. Така е, се чини, и со народот. Тоа треба да го знае опозицијата, ама уште повеќе и власта

ОТВОРЕНО ПИСМО НА КЕЖАРОВСКИ

Не се израдував, пријателе, кога те видов како со лисици на раце те носат в затвор. Можеби некој ќе ме презре, којзнае, ама посакав само на ден-два да те стават во ќелија во ходникот „Це“ во Шутка, ете, ти да одбереше во која, и да ја почувствуваше смрдеата што постои таму

Колумнисти:

Гордана ПОПСИМОНОВА
Фасцинирана сум колку од моите соборци, како и од најгласните и најхрабри критичари на режимот се Албанци. Ги гледам како похрабри, поагилни, поупорни, поотворени и поаргументирани од мене во борбата против тоталитаризмот во Македонија

Александар ТОРТЕВСКИ
Очигледно Панама ги доболе до коска сопствениците на владините медиуми и почнаа црна кампања во стилот на она, што мојот покоен пријател Јордан Мирковски знаеше да го објасни со антологиската реченица, „ти го фаќаш во кражба, а он ти вика, а сестра ти што се дупи со црнци“

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Ако не беше „чадорот“ во изминатите дваесет и пет години, Македонија немаше да разреши ниту најобична битова кавга, а камоли сериозен тактички или стратешки проблем и криза. Таа си остана студиски случај за политичка деликвенција под засилен надзор од старателите