БОМБА НА СДСМ: Во филмското заминување за Турција, Груевски без царинска контрола со автомобил на писта со наоружани бодигарди се качил на авион, што однел во куферите без да биде проверено од цариниците?!?!

0
3972

Соопштение на СДСМ

Како полета Никола Груевски на одмор во Турција?

Јавноста очекува одговори од кои причини Никола Груевски полетал на одмор во Турција со бенефиции на премиер?

Дали е точно дека Никола Груевски дошол до авионот со приватен автомобил по пистата за полетување, надвор од секоја процедура за безбедност на аеродромот?

Дали и кој дозволил Никола Груевски и неговите телохранители, да заминат за Турција без царинска проверка иако неговите обезбедувачи биле вооружени?

Што изнеле Никола Груевски и неговото обезбедување од Македонија без да бидат проверени?

Што сакал да сокрие Никола Груевски на излез од Македонија?

Кој го плаќа транспорот и одморот на неговите 5 телохранители во Турција?

Од ВМРО-ДПМНЕ треба да им објаснат на граѓаните и за овие луксузирања на Никола Груевски кој очигледно не може да се помири со фактот дека не е премиер.