БОМБА НА ПОРТАЛОТ СДК : ВМРО-ДПМНЕ ПРЕКУ ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ ГИ ПУШТА ПО ВОДА ГОРАН ГРУЈОВСКИ И НИКОЛА БОШКОВСКИ СО ОДРЕДУВАЊЕ МЕРКА ПРИТВОР!!!

0
2369

На Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Гордана Јанкулоска, му е преиначена одлуката за притвор. (Фото: СДК.МК)

Ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и неговиот соработник Никола Бошковски од Управата за безбедност и контраразузнавање одат во притвор, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од Врховниот суд.

Петчлениот казнен совет, со кој раководи претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, на третиот обвинет кој доби притвор од Скопска апелација, Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Гордана Јанкулоска, му ја преиначил одлуката за притвор. Со одлука на Врховниот суд, покрај македонскиот пасош, одземен му е како мерка за обезбедување и дипломатскиот пасош.

Јакимовски работи во СЕЛЕК центарот во Романија. Тој е генерален директор на југоисточниот центар за спроведување на законот. Со тоа што му се одзема пасошот, според неофицијалните информации, тој веќе нема да може да ја извршува функцијата.

Сите тројца се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права. Тоа се предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои сега се споени во еден предмет.

Грујовски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.

Неофицијално, Врховниот суд, кој одлучуваше по жалбите на одбраната на одлуките за притвор на Апелациониот суд од 18 јули, овие одлуки треба да ги објави околу 14.30 или 15 часот.

Извор : СДК