ВМРОВЦИТЕ КРЕВААТ БЕЛО ЗНАМЕНЦЕ, САМИ СЕ ПРИЈАВУВААТ ВО ШУТКА, ШУТКА ЌЕ ИМ БИДЕ ДОЛГО ВРЕМЕ БАСТИОН И БАЗА

0
2048

(Никола Митревски Кољо и Александар Василевски Нинџа)

Никола Митревски – Кољо се криел во Скопје и попладнево сам се пријавил во Истражниот затвор во Шутка, а Александар Василевски – Нинџа и понатаму останува на слобода, но според полициските извори и тој е во Македонија, дознава НоваТВ.

Двајцата се обвинети дека биле логистика во обидот за бегство на разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Никола Митревски Кољо освен тоа е обвинет и дека е вмешан со настаните на 27 април во Собранието. Тој е обвинет дека на 27 април во 14.30 часот добил телефонски повик да ја започне акцијата за упад во Собранието. Бил контактиран од лице од обезбедувањето на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со кого заедно биле во Виена, Австрија, објави порталот „Судство.мк“, повикувајќи се обвинението што Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вчера го поднесе во Кривичниот суд против 30 лица.

Нинџа и Кољо во октомври минатата година, требало од Бугарија да стигнат во Унгарија, преку Србија за да ги пречекаат Грујевски и Бошковски, по слетувањето во Будимпешта. Планот им пропаднал, откако српската гранична полиција им забрани влез во државата еден ден пред Грујевски и Бошковски да бидат уапсени во Грција.

ТВ 24 во октомври минатата година, објави информација дека Василевски и Митревски при обид да влезат во Србија, биле вратени од граничниот премин, а можната причина според познавачите е потегот на Србија да се дистанцира и да не се инволвира во случувањата во Македонија.

Откако ова беше објавено од ТВ24, Никола Митревски Коља испратил демант во кој се оградува од обвинувањата кон него.

– Во мое лично име, сакам да демантирам дека требало на некого да помогнеме и да пречекаме или пак логистика да бидеме за било кој. Точно е дека сме застанати на српска граница заради тоа што  на трето лице му била пред истекување важноста на пасошот.  Исто така сакам да демантирам дека  се наоѓам во Бугарија. Моментално сум дома со семејството. Ве молам да не ги пополнувате вестите со нашите имиња и настаните од Собрание, туку да се земе во предвид  вистината и доказите за случувањата – напишал Коља во демантот.

Извор : НоваТВ