БОМБА НА ПОРТАЛОТ ИНФОМАКС : ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО ЈСП – ПОСТАПУВААТ ПО ДОПРЕН ГЛАС ОТКАКО АРСОВСКА ГИ ФАТИ СО РАЧИЊАТА ВО МЕДОТ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА СЛОБОДА ПРЕВОЗ И МАКЕКСПРЕС ДАЛИ ЗАТАИЛЕ ПРИХОДИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА!

0
6987

Инфомакс дознав дека Финансова полиција влезе во Јавното сообраќајо претпријатие каде ја чешла документацијата за досегашното работење на приватните автобуски превозници Слобода превоз и Макекспрес.

Имено Финансова полиција постапува по допрен глас откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција соопшти дека приватните превозници наједноставно, наплаќале билети, а тие пари не ги пријавувале. Потоа овие пари веројатно завршувале во нечиј џеб, за потоа Слобода превоз и Макекспрес да фактурираат од ЈСП по 400.000 евра секој месец.

Ваквиот криминал траел цели 5 години, а последното информација дека е продаден билет е на крајот на 2017 година.

-Како што може да се види од аналитичките карти, доказ дека ова се случувало е дека од 2017 година одбивале да добавуваат, не само карти и фискализираат сметки, со тоа што сите средства кои ги добавувале завршувале некаде, но никој не знае каде. Уште поголемо е оштетувањето за сметка на она, наместо да се плати разликата којашто ја наплаќале од граѓаните, тие ја наплаќале полната сума, што значи не пријавиле ниту еден продаден билет, истакна Арсовска.

Прашањето кое се наметнува е каде завршувале овие пари кои Слобода превоз и Макекспрес кои требало да се пријавуваат секој месец во ЈСП и УЈП, доколку за 5 години не пријавиле ниту еден билет?

Финансова полиција во моментов ги проверува информациите дека Слобода превоз и Макекспрес затајувале приходи од 200 до 300.000 евра секој месец или севкупно за изминатите пет години околу 10 милиони евра.