БОМБА НА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ : Обезбедени се средства, веќе од јануари започнува изградба на нова Универзална сала

0
1743

На големата граѓанска трибина „На прав пат“ во Скопје членот на ИО и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов најави дека Скопје наскоро ќе добие нова Универзална сала.

И еве овде, сега пред вас кажувам, заедно со Владата обезбедивме средства за конечно да изградиме нова Универзална сала која ќе биде градена согласно сите потребни стандарди за една културна институција, најави Шилегов.

Изградбата на Универзалната сала ќе започне веднаш после Нова година, истакна градоначалникот на Скопје и член на ИО на СДСМ Петре Шилегов на трибината под мотото „На прав пат“ во Скопје.