БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: ЌЕ МУ ТРЕБА МНОГУ ПОВЕЌЕ КИКИ-ФРИКИ МАЈМУНАРИИ НА ГЕРО ЗА ДА ГО ВМЕША ЗАЕВ ВО РЕКЕТ!

0
2158

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

Тоа е наративот што мојот драг колега го форсира со месеци, а кој во „првиот дел“ („тројца рекетари“) го прифати и Обвинителството во својот обвинителен акт. И за мојот драг колега и за Обвинителството „нултата точка“ на случајот е моментот во кој г. Камчев им дал аудио и видео материјали со кои ја поткрепил својата кривична пријава. Обвинителството дури не беше ни заинтересирано да го подигне обвинението ОТКАКО ќе ги слушне изјавите на првообвинетите.

И од тогаш – наваму, целата јавност е ставена во „тунелот“ на третирање на скандалот само низ оваа оптика. Секој кој размислува поинаку мора да е експлицитно или имплицитно замешан во дружината рекетари. Катица Јанева – а, „ipso facto“, и целото СЈО, особено по објавувањето на срамно високите бонуси кои се делеле во СЈО – е толку дискредитирана, што најдобро би било да се фрли од балконот на кој некни ја сликаа. Атмосферата на линч е доведена до усвитување. Мојот драг колега, во кики-фрики стилот на врвен општествен морално-политички и правен арбитер дури и шпекулира „за улогата на некои познати новинарски имиња во јавното легитимирање на целата рекетарска операција“. Рој Бин шета наоколу и бара дрво на кое ќе се обесат рекетарите и нивните имплицитни и експлицитни соработници (пријатели, обвинители, новинари, политичари, членови на семејствата и тн.) и од другите области на нивното „нерекетарско“ живеење и делување. Всушност, бидејќи обвинетите се веќе „докажани рекетари“, сите околу нив се помагачи на рекетот. Што не важи за г. Камчев и оние кои него јавно го „легитимираат“.

Морално-политичките последици од аферата, со право, се погубни и за тоа веќе се напишани илјадници трактати; но, на Суд нема да се суди за дизајнерските интервенции во фоајето на домот на Камчеви, ниту за карактерот и изгледот на обвинетите (алчни, наивни, глупави, декадентни, селанчиња, ботоксирани, дебели, арогантни и сл.). На Суд ќе се суди дали, врз основа на фриволни телефонски блебетања од страна на двајца гуланфери, е извршена изнуда, со учество на врвен државен функционер, врз основа на докази – од она што, до сега, го видовме и чувме како ДОКАЗ, не е исклучено дека Обвинителството ќе има голема мака да го добие случајот во своја корист.

Имено, двајца од главните наводни рекетари се долгогодишни џет-сет другарчиња на г. Камчев, со историја на меѓусебни деловни и други односи во кои темата за рекетирање мора да се јавувала во разни контексти, по разни поводи, па не е јасно кому прв му текнало дека со пари може да се купи слобода… Парите, пак, не се најдени, ја нема дури ни транспортната монденска чанта со која се фрцка Боки 13. Интерпретацијата на самиот заговор се потпира врз снимени телефонски рекла-казала долги договарања и озборувања меѓу наводно оштетениот и наводните рекетари. Во јавноста протекоа и видео-снимки од кои никако не може да се донесат цврсти заклучоци за „текот на парите“. Како што разбравме, има и посредни докази за обемни трошења и луксузирања кои, наводно, се поклопуваат со периодот кога се земал рекетот…

Ќе успее ли Обвинителството со ваков квалитет на докази да го убеди Судот во наводите од обвинението? Особено кога во сензационалната конструкција на целиот скандал треба доволно убедливо да се аргументира вмешаноста на Јанева? Едно патемно „Сè ќе биде О-Кеј“ и „уапсениот“ тросед ли се крунските докази? Во изминатите години, гледаме, Јанева од СЈО земала толку пари на име на редовни и дополнителни приходи, што таа би можела самата да опреми стоковна куќа за намештај – до троседот од Камчев ли ѝ дошло?!

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.