БОМБА НА ,,НАРОДЕН ГЛАС” : Претставникот во ДИК од ВМРО-ДПМНЕ по СМС порака – ,,Нека биде членството во приправност. Според нашиот претставник во ДИК се прифаќаат приговорите на комуњарите и губиме мандати. Ќе се протестира пред ДИК.”

0
12158

Ден по поднесувањето на приговорите од страна на СДСМ и БЕСА до Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ го анимира своето членство да излезе на протест.

“Нека биде членството во приправност. Според нашиот претставник во ДИК се прифаќаат приговорите на комуњарите и губиме мандати. Ќе се протестира пред ДИК.” ова е пораката која што ја добиваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ а во најголем број случаи истата е испратена од претседателите на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

По објавувањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека соодносот на пратеничките мандати е 50:50, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ќе извадат народ на улица.chlenstvo-pripravnost