БОМБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО – Арјанит Хоџа: Инвестиција од 22 милиони евра за решавање на проблемот со вода за пиење и наводнување во Липково

0
756

По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница, Владата ја донесе информацијата за одобрување на тендерската постапка од пред неколку години за изградба на брана на река Слупчанска.

Инвестицијата ќе треба да се реализира во рок од 4 години со вкупна вредност од околу 22 милиони евра. (1.342.000.000 ден). Ова е најголемата капитална инвестиција што ќе се случи во Општина Липково.

Со ова се очекува да биде целосно решен проблемот со вода за пиење и наводнување на земјоделските површини!

Фејсбук статус на Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство