БОМБА НА МИЛА ЦАРОВСКА: Мерката ,,трето дете,, не дава резултати-трошоците на државата растат, а наталитетот опаѓа!

0
1292

Министерството за труд и социјална политика смета дека мерката „трето дете“ не дава резултати во однос на зголемување на наталитетот.

Министерството реагира на изјавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска, во синоќешното издание на дебатната емисија „Економски магазин“ на Алсат М, која повикувајќи се на растечкиот број на корисници, тврди дека „мерката сама по себе има дадено резултати“.  Според МТСП тоа е целосно погрешен заклучок, а пратеничката покажала „фундаментално неразбирање за системот и самиот термин „демографска мерка“.

-И покрај зголемениот број корисници мерката не дава никави демографски резултати. Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете”. Според податоците, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5. Оваа мерка имаше можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно не дава резултати. Заедно со бројот на корисници на мерката, растат и трошоците на државата. И покрај фактот што наталитетот опаѓал, Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете.  Сите овие податоци потврдуваат дека мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток. Така на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова па го добивале и семејства кои имаат многу високи приходи, се вели во соопштението од Министерството за труд.

Оттаму посочуваат и дека социјалната реформа која ја изработи актуелното раководство на МТСП воспоставува „целосно нов, правичен и ефикасен систем на социјална заштита. Со него, се обезбедува еднакво општество за сите и се насочуваат парите кон оние граѓани на кои им се најпотребни“.

Лани во номеври министерката за труд и социјална политика Мила Царовска соопшти дека мерката „трето дете“ се трансформира во еднократна парична помош, а се воведува додава право за прво дете, за второ и за трето дете со цел да нема дискриминација. За првото дете еднокаратен износ од пет илјади денари, за второто дете еднократен износ од 20.000 денари, а за третото дете еднократен износ од 60.000 денари.