БОМБА НА МВР : Ги проверуваме наводите за поткуп при вработување во Прилеп!

0
1840
Од МВР ја информираат јавноста дека ги проверуваат наводите на ВМРО-ДПМНЕ, дека во Прилеп, наводно бил баран поткуп за вработување.
-Во врска со денешната прес конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со објави на социјалните мрежи за наводни случаи на поткуп за вработување во Прилеп, ја информираме јавноста дека веднаш по направените објави на социјалните мрежи, преземени се соодветни мерки за проверка на изнесеното.
Две лица, меѓу кои и вработената во општина Прилеп, се повикани во ПС Прилеп, но и двете лица не посочија никакво дело туку изјавија дека слушале само непотврдени гласини односно не знаат за ниту едно лице на кое му било нудено или барано поткуп.
МВР ги повикува граѓаните доколку имаат било какви информации односно докази во врска со вакви или други кривични дела, веднаш да пријават во најблиската полициска станица и по таквите пријави ќе биде веднаш постапено односно ќе бидат санкционирани инволвираните.