(ВИДЕО) БОМБА НА КИРАЦОВСКИ ОД БАБАМ БИТОЛА : ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА ОТВОРА НОВ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СЛЕПИ ЛИЦА ВО БИТОЛА!

0
1384

Изјава за медиуми,

Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ

Битола, 12.12.2018

 Почитувани граѓани почитувани новинари,

Денес ми е драго што сум тука на овој значаен момент за Битола, на отворањето на овој значаен објект.

Денес, Битола добива регионален центар за лицата со оштетен вид кој ќе се простира на 500-тини метри квадратни, со сите неопходни услови за нашите сограѓани со попреченост.

Имено, станува збор за современ регионален центар којшто ќе ја има комплетната неопходна инфраструктура ќе биде опремен со најсовремена технологија по највисоките стандарди којшто комплетно ќе ги обезбедат и потребите и барањата на лицата со оштетен вид.

Драги пријатели, грижата за лицата со попреченост воопшто е еден од првите императиви на Владата на Република Македонија, на МТСП, на парламентарното мнозинство, а како што гледате и на локалната самоуправа. Ние во духот на концептот едно општество за сите решивме да го иницираме овој проект се со цел да обезбедиме еднакви можности за развој и за живот на сите наши сограѓани.

Свесни дека и статусот, но и грижата за овие наши сограѓани, во минатото, значи зборувам за лицата со оштетен вид, како и севкупно на лицата со попреченост во изминатите години беше на многу ниско ниво, затоа решивме комплетно да се посветиме на решавањето на проблеми на овие драги наши сограѓани и да ги обезбедиме сите неопходни услови за тие да имаат нормален живот како и сите наши останати сограѓани.

Токму денешниот ден, иницирањето и изградбата на овој регионален центар оди во таа насока. Јас се надевам дека токму овој центар ќе биде пример за сите општини во Република Македонија, впрочем и пример за целокупното општество, како и на кој начин треба да се обезбедат неопходните услови за нормален живот на нашите драги сограѓани, лицата со попреченост.