БОМБА НА ИНФОМАКС – ТОЛКУ БЕШЕ : МИЦКОСКИ Е ПОДГОТВЕН УШТЕ УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕ БУГАРИТЕ ПО ХРВАТСКИ ТЕРК

0
658

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го промени својот став по однос на промената на Уставот изјавувајќи денеска во Штип дека уште утре е подготвен да се отвори преамбулата во Уставот ако таа се менува по теркот на Хрватска.

-Еве ја сум подготвен ако е тоа формулата за успех уште утре да ја почнеме процедурата да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе. Ако сакаат така уште утре да ја отвориме преамбулата на македонскиот Устав и да го направиме тоа според хрватскиот терк, вели Мицкоски.

По теркот на хрватскиот Устав, Мицкоски истакна дека прифаќа веднаш уставни измени.

-Ако сакаат еве според преамубалата во Хрватскиот Устав веднаш прифаќам. Не знам дали ја прочитале, дали виделе или на памет си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ одма прифаќаме. Таква уставна измена веднаш прифаќаме, додавам Мицкоски.