БОМБА на Заев: Државата на компаниите им должи една милијарда евра!

0
1825

Се претпоставува дека институциите на локално и централно ниво на компаниите им должат 1 милјарда евра. Ова денеска го истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со претставници од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија.

Тој истакна дека има многу скриени долгови кои што не се знаат, но вети дека во првитте 100 дена од владата, доколку дојдат на власт, ќе ја објават таа сума.

Претставници од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, денеска разговараа со лидерот на СДСМ Заев и со Оливер Спасовски, Драган Тевдовски и Петре Шилегов за економската програма на СДСМ, но и платформата која што оваа комора им ја претстави на политичарите пред претстојните избори за подобрување на економијата во државата.

Извор: Мета