БОМБА НА ЗАЕВ: Глас за ДУИ е глас за Мицкоски!!!

0
1062

Заев во неколку свои излагања за време на предизборната кампања посочува дека ДУИ е потребно да оди во опозиција, на што остро реплицира и Ахмети.

Албанците на овие избори давајќи го гласот на другите партии, како ДУИ, ДПА и други, даваат глас за Христијан Мицкоски, единствено гласот за нас е само сигурен дека е даден да продолжиме да одиме по европскиот пат, рече Зоран Заев во вечерашното гостување на Алсат.

„Јавно го прашувам Али Ахмети, кога ДУИ се фокусирале да сработат нешто во македонска средина и нешто што е во интерес само на Македонците, како јас што правам за албанските средини и Албанците. Лесно може да се случи ако дадете глас за другите партиите тие потоа да одат во коалиција со ВМРО ДПМНЕ. Но, нема да го дозволиме тоа, ние сите заедно покажавме големина, заедништво и тоа ни донесе успех. Само единството ги носи големите успеси, само тоа ни гарантира подобар живот и подобра иднина“, додаде Заев.

Тој на денешната трибина во Шуто Оризари рече дека на ДУИ им пречела транспарентноста на владата и затоа тие сега треба да одат во опозиција. Тој рече дека ќе продолжат со градење потранспарентна влада за народот, поголеми права на сите граѓани и подобра иднина.

„Денес се можете да кажете за владата, денеска има деморкатија, денес сме сите еднакви, но ние ќе продолжиме да градиме уште потранспарентна влада за народот и за поголеми права на сите граѓани, но и за подобра иднина. Има политички партии на кои не им се допаѓа таквата отчетност и транспарентност, една од тие партии е и ДУИ и затоа ќе оди во опозиција. Ние немаме време да ги чекаме, мораме целосно да бидеме отчетни, ќе има контрола на сите трошења, институциите ќе бидат отворени и ќе се знае секој денар за што ќе се потроши“, уверуваше лидерот на СДСМ.

Заев потсети на големите одлуки на неговата влада со кои се отвора патот за економски реформи и поквалитетен живот.

„Додека тие сакаа власт ние се боревме за народот. Носевме одлуки затоа што само по европскиот пат можеме да донесеме пари кај народот. За две и пол години успеваме да станеме членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ. Нема да отстапиме од тој пат ниту ќе дозволиме некој да ни го смени правецот. Ние сме најголема коалиција, со сите етнички заедници, и овој пат ќе победиме низ целата држава“, рече Заев.

Претходно денеска, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, му порача на Заев да не претерува со изјавите дека ќе ја однесе ДУИ во опозиција, бидејќи на таков начин креира ситуации со кои подоцна не ќе може да се справи. Ахмети, пред два дена во интервју за ТВ Сури рече дека Заев едно зборува пред него, а друго пред јавноста.

„Заев овие изјави ги кажува во кафеана кога пие две чаши ракија, a кога е со мене зборува поинаку. Јас не сум од тие што наутро зборуваат друго, а попладне друго. За нас е подобро да победи сегашниот партнер, но сепак граѓаните одлучуваат. Но, така Заев изјавува, јас не сум таков“, рече Ахмети.