БОМБА на екс шефот на военото разунавање, Кошиновски за Фокус: Мијалков ме заглави зошто му го открив криминалот!

0
2399

Во новиот број на неделникот Фокус:

СЕ НАВИКНАВМЕ ЛИ НА ГРУЕВИЗМОТ!?
Како да се победи кретенизмот, при толку идиоти создадени во груевизмот? Како на фарма, бре, да ги накотиле! Со специјална храна ги товеле, екстра дресура добивале!? Токму дијагнозата треба да ја скицира и терапијата. За вака заболено општество, треба спојка на сите сили што ја споделуваат оваа перцепција.

МИЈАЛКОВ МЕ ЗАГЛАВИ ВО „ШПИОН“ ЗАШТО МУ ГО ОТКРИВ КРИМИНАЛОТ!
Во ексклузивно интервју за „Фокус“, поранешниот шеф на военото разузнавање, Тоше Кошиновски, кој е осуден на три години затворска казна, ја открива разузнавачката тројка, на чело со Сашо Мијалков, која го конструирала случајот „Шпион“, а него го заглавила зашто го открил криминалот на братучедот во Министерството за одбрана и неговите сомнителни бизниси во Чешка

ФАМИЛИЈА „БЕЗДОМНИЦИ“
Во анкетните листови на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ се забележува дека нивниот недвижен имот се зголемувал како што минувале годините владеење. Но карактеристично е тоа што главно имотот или им е наследен од родителите, или, пак, е на име на нивните деца и сопругите!

ОД ВАРДАР ВО СЕРАВА
Стручната јавност попусто предупредува дека кејот на Вардар е забранета зона за градење. Покрај власта, сега таму гради и приватна компанија, чиј старт беше неуспешен зашто предизвика езеро од фекалии, во кое постои голема веројатност еден ден да потонат сите

МЕНАЏИРАЊЕ НА СТРАВОТ
Колку што е посилен стравот кај Фамилијата дека СЈО и ја стега јамката околу мафијашкиот врат, толку пожестоко Груевски и неговите бранители манипулираат со стравот кај граѓаните. За нив политиката е врвна уметност на менаџирање со стравот и таквото провидно сценарио само го усовршуваат

СОВЕТ ОД „КУМ“
Има смисла да се каже дека дури во моментот кога ќе престанеш да го мразиш непријателот, зачекоруваш на патот кој ќе те одведе до триумф врз него. Ова важи, особено, во политиката

Колумнисти:

Гордана ПОПСИМОНОВА
Во изминатите 25 години демократски плурализам, научивме дека „стабилните влади“ многу лесно преминуваат во диктаторски влади, а „стабилните парламентарни мнозинства“ во безгласни поддржувачи на диктатурата

Ана ПАНОВСКА
Во оваа држава никогаш нема да дојде до таканареченото „национално помирување“ и конечно треба да се „помириме“ со фактот дека во посочената фраза не постои, ама баш никаква логика и практична содржина

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Потребна е врвна политичка демагогија и финансиска алхемија за да се обезбедат плати за околу 200.000 административци, што е триесет отсто од бројот на вкупно вработените во државата. Како ќе заврши сето тоа, не им е јасно само на политички слепите и неуки луѓе

Рамадан РАМАДАНИ
На единствениот закажан земјотрес: изборите на 11 декември, ќе дознаеме колку општеството е преплавено од државата или колку државата, всушност, е затресена од општеството

Александар ТОРТЕВСКИ
Бескрајната глупост на фразата „барем нешто градат“, најдобро ја отслика еден твитерџија: „Тоа тие како во вооружен конфликт да ти гинат твоите луѓе од „пријателски оган“, а ти да викаш „барем нешто погодуваат“

Во новиот број на неделникот Фокус: