БОМБА НА ГЕРО : Пет пратеници од таборот на Мицкоски би можеле да гласаат за уставните промени!

0
1397

Пет пратеници на ВМРО – ДПМНЕ од таборот на лидерот Христијан Мицкоски ќе се приклонат кон групата пратеници од оваа партија која ги поддржува уставните промени за спроведување на Договорот од Преспа, изјави вечерва Бранко Героски, главниот уредник на „Слободен печат“ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Героски прецизираше дека станува збор за непотврдена информација и се повика на извор од партијата, но и на дипломатски извор од Скопје.

Според уредникот на „Слободен печат“, новите пет пратеници што ќе ги поддржат уставните промени нема да добијат јавна поддршка од Мицкоски, кој ќе продолжи со својата досегашна реторика против Договорот од Преспа за да ги сочува симпатиите на дел од членството, но станува повеќе од јасно дека притисокот на сестринските народни партии што кулминираше на самитот во Хелсинки, сепак ќе вроди со плод и Мицкоски со западни дипломати во Скопје веќе разговарал за тоа како да го промени курсот на партијата.

Пратеникот од СДСМ Хари Локвенец денеска изјави дека двотретинското мнозинство за уставни измени не е загрозено по одлуката на судот да определи притвори за неколку поранешни државни функционери. Според него, двотретинското мнозинство само може да се зголемува.

-Со кооператвноста и инклузивноста што ја покажуваме, двотетинското мнозинство веќе се подразбира… Станува збор процес во кој покажуваме кооперативност и  разговараме со аргументите за сите наметнати прашања. Се што е возможно и реално да се реализира заеднички ќе го реализираме. Дали тоа подразбира зголемување на бројот на пратеници што се подготвени да гласаат за уставни измени, искрено мислам да – рече Локвецец.

Тој денеска на прес-конференција истакна дека владата е силно посветена на интеграцискиот процес за членство на НАТО како врвен национален и државен интерес.

-Обезбедуваме повеќе пари за достигнување на НАТО стандардите, повеќе пари за поголеми плати и подобрување на животниот стандард на нашите војници, повеќе пари за опремување на АРМ. По десетгодишното намалување на буџетот за одбраната, во 2019 година, втора година по ред ќе следува ново зголемување. Во 2019 година буџетот за одбрана ќе изнесува 135 милиони евра – изјави Локвенец.