БОМБА НА ГЕРОСКИ: Груевски пак се пазари со името на земјата?!?!

0
981

Уредникот на „Плусинфо“ и „Слободен Печат“ во својата најнова колумна “Груевски пак се пазари – името за избори на 5 јуни?“, открива дека Грујо името го става како влог за спас на својата политичка кожа.

Еве што пишува Героски:

„Мене многу сериозно ме загрижи изјавата на американскиот амбасадор Џес Бејли, дека сега бил погодниот момент да се одврзе јазолот за спорот за името. Исказот на Бејли очигледно не е случаен, бидејќи пред некој ден со изјава со сличен тон се огласи и медијаторот Метју Нимиц.

Што се случува?

Провладината пропаганда, грујовите аналисти и воспалените организации од дијаспората сега се натпреваруваат кој побрзо и поостро ќе ја осуди изјавата на Бејли и ќе докаже дека спорот меѓу Македонија и Грција немал ништо заедничко со Договорот од Пржино. Не велам не, може и да е така (не ги знаеме тајните клаузули и наративи на договорот), но се сомневам дека спорот за името сепак може да има врска со еден друг договор, оној меѓу Бејли и Груевски – изборите, наместо на 24 април, да се одржат на 5 јуни.

На лидерот ВМРО-ДПМНЕ очигледно му е јасно дека времето не работи во негова полза и затоа, јас воопшто не би бил изненаден кога би слушнал дека тој со странците пак се пазарел за името – ние ќе направиме компромис, а вие ќе ни дозволите на 5 јуни да организираме уште една изборна кланица и да се консолидираме.

Целата колумна може да ја прочитате ОВДЕ