БОМБА НА ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: Чекам да завршат изборите за да покренам иницијатива за амнестија за дел од драконски осудените за 27-ми април, некои се мои соборци и херои од војната 2001-ва!!!

0
1264

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година Ангелов вели дека прв повикал за амнестија на лицата кои изманипулирани и понесени од атмосферата влегоа во македонското Собрание.

„Во затвор е и началникот на специјалните полициски единици Митко. Јас му бев старешина. Тоа е едно младо и храбро момче кое јуначки се бореше во 2001 година. Јас гарантираам дека Митко не бил свесен што се случува ниту пак земал пари. Има златни деца. Сега Митко е во затвор. Колатералната штета е страшна. Чекам да завршат изборите за да покренам иницијатива за негова амнестија. Кога може ветераните од УЧК да бидат на слобода зошто овие луѓе, дури и да се виновни, да не бидат пуштени од затвор? Излезе дека Игор Спасов е најголем злосторник.

И тој е еден прекрасен човек, татко на две мали деца, не е криминоген и е јунак од војната. Тој ми го спаси животот за време на конфликтите во 2001 година. Сега направи грешка што побегна. Но не заслужува таква драконска казна. Тој нема извршено убиство. Се надевам дека еден ден ќе имаме можност кога ќе ја одлежи казната или кога ќе се повтори процесот, да ја слушнете неговата верзија бидејки него најмногу го сатанизираа и искрено жалам за неговите две мали деца.