БОМБА НА ГДУ: Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ- Могила, Оливер Ристески, на 11.4 2020 година, за време на полициски час, бил фатен како краде дрва!

0
1679

Од неофицијални извори добив информација која верувам дека МВР во текот на денешниот ден уредно ќе ја објави во својот билтен, дека претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ- Могила, Оливер Ристески, на 11.4 2020 година, за време на полициски час, бил фатен како краде дрва. Оваа информација ја прифаќам како големо разочарување, бидејќи актот сепак е извршен од лице кое има висока функција во редовите на опозициската партија ДПМНЕ, и верувам дека има следбеници кои го почитуваат и му веруваат.

Се поставува прашањето, ако еден претседател на ОК на една општина направил ваков кривичен, срамен и недозволив акт, каков пример им дава на своите слебеници и на каков начин има план да ја води својата општина, доколку дојде до некаква функција? Дали за ваквиот тип на луѓе ќе важи правото и законот како и за обичните кои не се претседатели или водачи на одредени партии и движења? Дали партијата ВМРО-ДПМНЕ планира да преземе било какви чекори и да го исчисти својот срам во општина Могила?

Се наоѓаме во многу специфично време , време кога се бориме сите заедно против опасниот вирус Ковид-19. Владата донесе законска уредба за полициски час, каде што почнува од 10.04 2020 година и трае до 13.04 2020. Според ова претседателот на ОК- ВМРО-ДПМНЕ-МОГИЛА, Оливер Ристески, не ја испочитувал ниту законската уредба за полицискиот час! Криминал, непослушност, несериозност во високите редови на ДПМНЕ! Ова е нешто на што граѓаните треба да обрнат големо внимание и да бидат претпазливи на кого ќе го дадат својот глас на следните избори. Замислете само во опозициско време, претседател се дрзнал да краде дрва, како би било во позициско? Се надевам дека одговорните институции ќе го решат овој случај и соодветно ќе одговорат на криминалот кој е направен.

13.4 2020 година

Во прилог на моето соопштение од 12.4 2020 година ви го испраќам следниот линк од Министерството за внатрешни работи како потврда: https://mvr.gov.mk/dneven-bilten/1828?fbclid=IwAR01XjDaRlxLgYCx6jSOh9eVei4nWl2p0gIWxHRaBOWicKb7Ew89mRlZWbs

Г. Ристески вие предизвикан од мојот статус во коментари ми го опишавте вашиот живот како земјоделец кој ниту беше спомнат во мојот текст, ниту апсолутно беше цел на моето соопштение. Ми се заканивте со клевета. Јас сега прашувам. До кога ќе манипулирате со народот? Дали мислите дека начинот на кој што сакавте да ја извртите работата уште пали кај народот? И покрај тоа што пробавте бесрамно да лажете дури и да ми се заканите за кое јас ви одговорив дека ќе се извинам ако не е така, вие упорно до крај се трудите да се наметнете како жртва. А жртва не сте. Повелете линк од Министерството за внатрешни работи. Се препознавате ли сега претседателе на ОК-ВМРО-ДПМНЕ-Могила? И ве молам поштедете ме од оцрнување на вашето семејство. Тоа никаде не е спомнато. Се работи за тоа дека сте претседател а ве приведува полиција.

Со почит,
Добре Митрев, носител на ИЕ4- ГДУ