БОМБА НА ВАСКО ЕФТОВ: Мицко е КОМИТА НА БАТЕРИИ, на овие избори ќе биде поразен и ќе плаче дека СДСМ му ги украле изборите!!!

0
3036

Тајниот план на Мицкоски е да го репризира моделот на Матео Салвини во Македонија!

Тајниот план на Христијан Мицкоски е ( да се обиде ) да го репризира моделот на Матео Салвини во Македонија! Тоа подразбира ( ако нема пролонгирање на изборите на 12 април ) тој да биде министер за внатрешни работи во новата пржинска влада која треба да ги спроведе изборите. Во изминатите месеци на многу луѓе од врвот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски им ветуваше дека ќе бидат министри на полицијата и како по правило не им ја говореше вистината. Очигледно Мицкоски реши да се “коцка” на се или ништо.

Функцијата министер за внатрешни работи ќе му овозможи да има алатки во рацете за “поуспешно убедување” на сопартијците и во тие операции да не зависи ( како сега ) од Сашо Мијалков, Никола Груевски и удбашката екипа на Ѓорѓе Иванов. Како второ, преку функцијата министер за полиција да може да води кампања дека СДСМ планира да ги лажира или да ги фалсификува следните избори. Бидејќи ( нели ) нема Хунта во светот која не лажирала избори. Затоа Мицкоски и ВМРО упорно спинуваат и повторуваат дека убедливо водат на анкетите за во случај на повторување на “Гордана Сиљановска” сценариото да водат кампања дека им ги украле гласовите.

И како трето како некоја верзија ( испратена по Али експрес ) на Салвини, Мицкоски да води “мачо мен популистичка политика” и да се обиде да ги врати незадоволните во ВМРО од неговата ни риба ни девојка политика: кога пред Бојко гувее како млада невеста, а во Скопје глуми комита на батерии! Во наредните недели ( ако не се пролонгираат изборите ) ќе видиме дали Мицкоски ја има контролата врз ВМРО и ќе може да го реализира своето сценарио кое може да му обезбеди лидерски континуитет во партијата и во случај на победа и во случај на пораз на изборите!

Васко Ефтов, фб пост