БОМБА на Ванхауте: Системот за распределба на предмети во Управен го „програмира“ власта

0
1011

Договорот од Пржино засега не е загрозен, вели Питер Ванхауте, поранешниот посредник во преговорите, иако Никола Груевски, никогаш не криел дека после изборите ќе сака ситуацијата да ја врати како пред потпишување на овој договор. Овој коментар на Ванхауте за Плусинфо доаѓа по најавата на Груевски дека се повлекува од преговорите што се водеа меѓу политичките партии со посредништво на меѓународната заедница.

– Не може од една страна да се тврди дека главна цел се НАТО и ЕУ, а од друга страна да не се почитува Договорот од Пржино – вели Ванхауте.

Според него, останува да се следи големиот проблем со независност на судството, бидејќи тоа воопшто не е независно. Се плашам, вели тој, дека и со одлучувањето во Управниот суд нема да биде многу поразлично. Главно прашање, вели Ванхауте, е кој судија во Управниот суд ќе ги добие тужбите поднесени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во текот на минатите избори беше јасно дека ИТ системот кој треба да ги распределува предметите кај судиите по случаен избор беше манипулиран. Како резултат на оваа манипулација ВМРО-ориентираните судии ги добија сите тужбите на СДСМ со што исходот беше предвидлив. Според моите информации, системот за распределба на предмети може да биде манипулиран од министерот за правда или неговиот заменик, од претседателот на Управниот суд и од програмерот. Повикот на Груевски да не се врши притисок врз Управниот суд е шега, бидејќи тие се тие што манипулираат со судот преку ИТ системот и назначувањето на судиите. Но, да видиме што сега ќе се случи – вели Ванхауте.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ